Фудбалерот на Борусија Бартра повреден во експлозија

автобусот на Борусија Дортумнд по инцидентот, 11.04.2017.

Германските власти соопштија дека синоќа во близина на Дортмунд се случиле три експлозии крај автобус во кој биле фудбалерите на Борусија. Притоа со повреди на раката се здобил фудбалерот Марк Бартра кој бил префрлен во болница. Полицијата соопшти дека првите знаци покажуваат доти станува збор за „напад со сериозна експлозивна направа“. Во близина на местото на настанот било најдено и писмо за одговорност, изјави обвинителката Сандра Луеке, без да наведе детали. Натпреварот во рамките на четвртфиналните мечеви на Лигата на шампионите меѓу Борусија и Монако е одложен за денеска.