Горсуч положи заклетва за Врховниот суд на САД

Од заклетвата на Нил Горсуч како судија на Врховниот суд на САД, Вашингтон 10.04.2017.

Судијата Нил Горсуч положи заклетва во Белата куќа како судија во американскиот Врховен суд, тело кое често пати е конечен арбитар на претседателската политика. Овој потег, според аналитичарите, претставува најголем триумф на претседателот Доналд Трамп од кога ја презеде функцијата. Имено со тоа се менува рамнотежата во највисокото американско правосудно тело во корист на конзервативците. 49 годишниот Горсуч на таа позиција останува до крајот на животот.