ЕК очекува избор на нов спикер и влада без одложување

Портпаролката на Еворпската унија, Маја Коцијанчич.

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска изјави дека ЕУ очекува сите политички лидери и институции во Република Македонија да дозволат демократскиот процес во земјата да се одвива, што според, официјален Брисел, вклучува и избор на нов спикер на парламентот и потоа и нова влада, без одложување.

- Ние сме гласни за тоа што очекуваме да се случи во земјата и во оваа фаза, ние го следиме развојот на настаните и постојано говориме во повеќе навратии дека мора да се почитуваат резултатите од последните парламентарни избори и сегашниот неизвесен застој и Влада мора да се воспостави без одложување, базирана врз постоечкото парламентарно мнозинство. Знаете дека двајцата, високата претставничка и комесарот Хан го повикаа претседателот да ја преиспита неговата позиција. Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување, потенцираше Коцијанчич.

Очекувањата во Европската унија се дека и покрај сите неизвесности и можни негативни сценарија, неделава во Македонија да се избере нов претседател на Собранието, а потоа, во рок од две недели и да се случи избор и на нова македонска влада