Во експлозијата во метрото во Санкт Петерсбург најмалку 10 загинати

По експлозијата во метрото во Санкт Петерсбург

Портпаролот на Канцеларијата на Јавниот обвинител на Русија Александар Куренои, првично изјави дека денешната експлозијата во метрото станицата на Санкт Петерсбург е терористички напад, но подоцна рече дека е премногу рано да се даде дефинитивна изјава за причините.

Андреј Кибитов, портпарол на канцеларијата на гувернерот на Санкт Петерсбург, за државната телевизија изјави дека според прелиминарните информации, 10 луѓе се убиени во експлозијата.Тој на Твитер наведе дека околу 50 лица се повредени, а дека 17 тимови за итни случаи се мобилизирани.

Претходно претседателот Владимир Путин, кој беше во посета на својот роден град Санкт Петерсбург и одржа прес-конференција таму, изјави дека бил информиран од безбедносните власти за инцидентот и дека се испитува можната за поврзаност со тероризам. Путин рече дека има загинати и повредени, но не кажа колку. Антитерористичкиот Национален комитет на Русија соопшти дека експлозијата одекнала во метрото помеѓу станиците на Технолошкиот институт и плоштадот во центарот на Санкт Петерсбург во 14 часот по локално време. Неколку агенции јавија дека бомба подоцна била пронајдена и во друго централно метро