СЈО: Судијките Јосифовиќ и Михајлова постапуваат пристрасно и нестручно

Архивска фотографија, прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство - СЈО. обвинителките Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.

Специјалното јавно обвинителство достави до Советот за утврдување на факти претставки за утврдување на одговорност на судиите на Основниот суд Скоје I, Елена Илиевска Јосифовиќ и Татјана Михајлова. Со претставките е побарано да се испита работатата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, се вели во соопштението на СЈО.

Во објавените претставки наведено е дека причина за таквото барање за Елена Илиевска Јосифовиќ дека таа постапува пристрасно кон предметите кои доаѓаат од нивното обвинителство. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ како судија на претходна постапка одлучуваше по барања на СЈО, меѓу кои и тоа за одземање на пасошот на поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за случајот „Трезор“. Таа го одби барање на СЈО за одземање на пасошот како неосновано.

„ Судијката Илиевска Јосифовиќ пропуштила да ги утврди решавачките факти за определување на предложената мерка на претпазливост и погрешно ја утврдија фактичката состојба со што во конкретниот предмет не ја исполнила својата судиска функција согласно закон. Имено, судијката воопшто не поставила прашања за утврдување на битните елементи за предлоот за определување мерка на претпазливост“ се вели во претставката.

СЈО претходно бараше изземање на Илиевска-Јосифовиќ од случајот „Трезор“, но судот ги отфрли наводите на Специјалното јавно обвинителство како неосновани.

Од друга страна пак во преставката за поранешната в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1 Татјана Михајлова е наведено дека таа постапувала несовесно, ненавремено и немарно со што предизвикала одложување на судската постапка без постоење на законски основ.

Таа го суди случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во кој СЈО, меѓу другите, го обвинува и поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„ Со целокупното постапување, судијата Михајлова сторила повреда на прописи, односно нарушување на независноста на судиите при судење, но и грубо повредување на правилата на Судскиот кодекс со што се нарушува угледот на судиската функција,“ се вели во преставката за Михајлова која е доставена до Советот за утврдување на факти.