Европскиот суд ги потврди санкциите против рускиот гигант Роснеф

Архивска фотографија, Лого на рускиот енергетски гигант Роснеф

Законски се санкциите кои Европската унија ги наметна на рускиот енергетски гигант Роснеф, откако Москва го анектираше Крим и поради улогата на Русија во источниот дел на Украина, се вели во одлуката на Европскиот суд на правдата, највисокиот суд на Европската унија. Во соопштението на Судот се наведува дека „рестриктивните мерки како одговор на кризата во Украина против руските претпријатија, вклучувајќи го и Роснефт, се валидни“.

Судот во пресудата наведува дека европските пречки врз руската државна компанија Роснефт се во согласност со нивото на економските санкции наметнати врз Русија. По одлуката, реагираше Роснеф.

Компанијата во соопштение пишува дека се разочарани од одлуката, наведувајќи дека со одлуката се докажало дека во Европа примат и се дава на политичката ситуација, наместо на владеењето на правото.

Адвокатот на Роснеф, Лод ван де Хенд, изјави дека одлуката на Судот е чекот наназад во судската заштита во ЕУ. ЕУ воведе санкции за Русија во јули 2014 година, по нелегалното анектирање на Крим, а потоа санкциите беа проширени како одговор на поддршката на Москва за сепаратистите кои се борат во источниот дел на Украина.