Полициска рација во бегалски камп во Грција

Архивска фотографија, бегалски камп во Грција

Грчката полиција притвори најмалку 10 луѓе во двочасовната операција која денеска беше спроведена во центарот за мигранти и бегалци на островот Хиос. Двочасовната рација во кампот Суда започна утрово со десетици полицајци кои ги пребарувале шаторите и ги испрашуваше мигрантите поради ескалација на тензиите меѓу ривалските етнички групи кои престојуваат во објектот.

Рацијата, во која беа вклучени и припадници на специјална единица и полицајци за борба против дрога, беше спроведена со цел да воспостави ред по неколку случаи на насилство меѓу алжирски и авганистански мигранти во преполнетиот камп, велат од полицијата за грчките медиуми.