Заев очекува конститутивна седница до крајот на неделата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан изјави денеска дека нивната порака била јасна дека секој ден е загубен за земјата и за македонските граѓани. Тие како што посочи, се согласиле дека процесот за излез од политичката криза треба да се интензивира. Заев изрази очекување дека до крајот на неделата Собранието ќе ја одржи конститутивна седница и сето друго, според него, ќе значи банализирање и барање изговори од ВМРО-ДПМНЕ. После тоа, како што нагласи, ќе се избере претседателот на Собранието по што претседателот Ѓорѓе Иванов ќе треба да го додели мандатот. Заев порача и дека не постои тиранска платформа, туку владина програма која била презентирана во јавноста.