Иванов со јавна благодарност до Унгарија

Архивска фотографија-претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Јавна благодарност до Унгарија која поведе иницијатива со барање до Советот на ЕУ да се отфрли и осуди тиранската платформа, искажа македонскиот претседател Ѓорге Иванов на денешната прес-конференција со неговиот унгарски колега Адер Јанош во Будимпешта. На средбата Иванов и Јанош разговарале за политичката состојба во Република Македонија, како и за можните излези од оваа криза која земјата со години ја држи во заложништво, јави известувачот на МИА.

Иванов одговарајќи на новинарско прашање посочи дека ургентно е потребно конститутивната седница на Собранието на РМ да биде завршена, да се избере претседател и да можат активностите кои ги имаме како држава, нормално да се спроведуваат. Во контекст на тоа порача дека мнозинството треба да се откаже од тиранската платформа за да може да го добие мандатот за да се формира влада која ќе почне да се справи со сите овие предизвици.

„Има правни пречки кои би се совладале, доколку заврши конститутивната седница, и има политичка пречка, а тоа е да се отфрли и осуди платформата од Тирана“, рече Иванов.

Унгарскиот претседател пак рече дека не е во негова наделжност да одговори на прашањето во врска со решавањето на политичката криза во Македонија, туку тоа е надлежност на македонскиот Уставен суд. Попладнево македонскиот претседател ќе има средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со претседателот на Парламентот на Унгарија Ласло Ковер