Апелација побара екстрадиција и спроведување на Кочан

Архивска фотографија, прес конференцијата на СЈО на која беше објавен предметот Труст

Апелацискиот суд во пресудата објавена денеска побара екстрадиција и спроведување во затворот во Шутка на Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ на СЈО.

По жалбата на одбраната на Кочан против решението на Кривичниот суд да му одреди 30-дневен притвор, судот во одлуката им наложува на овластените службени лица од МВР, единицата за извиди и потраги, веднаш да го лишат од слобода осомничениот, да го спроведат на издржување мерка притвор во затворот „Скопје“, а за истото веднаш да биде известен Кривичниот суд.

Апелација потврди дека тој се наоѓа во бегство и дека со возило ја напуштил земјава на 9 март. На овој ден на Кочан му беше одреден притвор од Кривичниот суд, со што се укажува на можноста дека тој веднаш по дознавањето на одлуката, ја напуштил Македонија.