Протестниот марш заменет со возење со велосипед

Со велосипеди демонстранти ја извозија како што велат симбочичн шатеката на државноста во знак на протест против двојазичноста. Организаторите на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ велат дека денешното возење со велосипеди е со цел да им покажат на репрезентативците велосипедисти дека ги инспирирале со тоа што пред неколку дена им се приклучија на протестите.

“Откажување од Тиранската платформа и од нејзината содржина и формирање на нова Македонска платформа тука во Скопје. Од утре, понеделник продолжуваме со редовните активности, веќе втор викенд по ред имаме послободна програма, вметнуваме и елемент на рекреација, се надевам и времето ќе ни се подобри во иднина, наредниот викенд ќе бидеме уште повеќе и уште подобро организирани, меѓутоа сме презадоволни од текот на настаните до сега и од утре продолжуваме помотивирани и поенергични“ изјави Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.

Викендов протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ наместо редовниот марш во 17 часот се заменети со алтернативна програма.Вчера во градскиот парк беше одржан музички хепенинг.