Во Црна Гора осудени уште петмина срби за обид за државен удар

Осудените за обид за државен удар во Црна Гора, Подгорица, 08.03.2017.

Судот во Подгорица осуди на казна затвор уште петмина државјани на Србија за обидот за државен удар за време на парламентарните избори во таа земја во октомври лани, случај кој, според црногорските власти, бил поврзан со Русија. Тие добија казна затвор од пет месеци откако ја признаа вината. Претходно, во февруари тоа го сторија тројца нивни сограѓани. Црногорското обвинителство соопшти дека нивниот план бил да извршат атентат врз тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ, да влезат во парламентот и да го спречат влезот на земјата во НАТО.