Иран со контра мерки за забраната за визи на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп

Иранските власти соопштија дека продолжуваат со мерките за забрана за влез на американски државјани во земјата како резултат одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп. На 6 март Трамп ја потпиша ревидираната наредба со која привремено се забранува издавањето визи за влез во САД на државјаните на Иран, Сирија, Судан, Либија, Сомалија и Јемен, која првично беше блокирана од страна на федерални судии. Според иранските власти, визите за американските државјани нема да се издаваат се додека на сила е одлуката на Трамп.