ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме решенија спротивни на државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ, амблем

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштените во кое се наведува дека нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси, дополнувајќи дека чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласале за Коалицијата „За подобра Македонија“

Со оглед дека деталите од договорот и од платформата ги држат во тајност, кој знае на што се се подготвени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ суштинско во овој момент е дали се подготвени граѓаните за промените предвидени во платформата.

- Дали граѓаните се подготвени за редефинирање на Република Македонија, на нејзино претварање од мултиетничка во бинационална држава и дали граѓаните се подготвени на кантонизација и федерализација? Одговорот за сите овие прашања најдобро ќе се добие на нови предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.