Трамп го обвини демократот Шумер за поврзаност со Путин

Сенаторот Чарлс Шумер

Претседателот на САД, Доналд Трамп, чија администрација се соочува со критики поради контакти со руски официјални претставници, побара истрага за демократските политичари Чарлс Шумер и Ненси Пелоси за нивна наводна поврзаност со рускиот претседател Владимир Путин. "Треба веднаш да се започне истрага за Шумер и неговите врски со Русија и Путин.Тој е лицемер!" напиша претседателот Трамп на Твитер објавувајќи фотографија од 2003 со Шумер и Путин на која е прикажано како тие зборуваат додека држае кафе и крофни. Тој подоцна на Твитер објави и фотографија на Пелоси, претставник од Калифорнија, со руски официјални лица на една вечера во 2010. "Јас барам истрага и за Пелоси за нејзините блиска врски со Русија", напиша тој . Шумер, Лидерот на демократските малцинства во Сенатот, му одговори на Трамп на Твитер, велејќи дека " со задоволство под заклетва ќе зборува за неговата средба со Путин која, како што рече тој, се одржала пред очите на новинарите и јавноста Тој го предизвика Трамп да го стори истото. .