Меркел ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја одржи својата прва директна средба со американскиот претседател Доналд Трамп на 14 март во Белата куќа, информираат германски претставници. Средбата доаѓа по почетната нетрпеливост меѓу двата лидери. По телефонскиот разговор по инаугурацијата на Трамп во јануари годинава, Меркел јавно ги поддржуваше политиките кои Трамп ги критикува. Таа не се согласува со забелешките на Трамп дека НАТО е застарена организација. Меркел исто така е поддржувач на мултилатералната трговска агенда која Трамп ја преиспитува. За време на претседателската кампања, пак, минатата година, Трамп оцени дека политиката на отворени врати за бегалците на Меркел е „лудачка“.