Светските берзи со рекорден пораст

Американските и европските берзи забележаа рекорден пораст по говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот и зголемените надежи за забрзан развој на најголемата светска економија. Индексите на берзите во Њујорк, Лондон и Франкфурт забележаа највисок раст досега, додека индексот на француската берза скокна за над два насто. Трамп вети намалување на даноците за бизнисмените и најави изградба на патишта и мостови во земјата.