Могерини денеска во Скопје

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во рамките на нејзината балканска турнеа, денеска ќе престојува во Скопје. Најавено е дека таа ќе има средби со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерите на политичките партии, по што ќе следува изјава во која Могерини ќе ги презентира заклучоците. Таа турнејата ја започна во Црна Гора, а ќе ги посети уште Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија. Европската унија на 6 март ќе одржи самит за ситуацијата на Западен Балкан.