Рама: без Албанците нема Македонија

Премиерот на Албанија Еди Рама

Премиерот на Албанија Еди Рама по одлуката на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов да не му го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев на твитер напиша: „Господине Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку на еден државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија, почитуван претседателе“. Претседателот Иванов во обраложението на неговата одлука изјави дека нема намера мандатот да му го довери на човек или на партија која во својата програма има, како што оцени, „платформа за уривање на државотворноста и унитарноста“ на Македонија.