Демонстрантите ќе протестираат пред седиштето на СДСМ

Трет ден по ред во организација на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, граѓани протестираат во центарот на Скопје. Тие, како што велат, се борат за зачувување на унитарноста на земјата. Неколку стотици луѓе се собраа денеска пред Владата, а предвидено е маршот да заврши пред седиштето на СДСМ на улица Павел Шатев во Скопје. Како и на минатите протести и денеска на разглас се пуштаат патриотски песни.

Непосредно пред почетокот на протестот, претседателот Ѓорге Иванов јавно соопшти дека не му до дава мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, оти не ја отфрлил Платформата на партиите на Албанците во Македонија. Според Иванов, со Платформата се загрозува државата.

Во меѓувреме неколку медиуми соопштија дека нема да ги следат протестите револтирани од вчерашниот напад на новинарска екипа која известуваше од протестот.