Дел медиуми со бојкот на протестите поради нападнатите новинари

Протест на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија

Повеќе портали известија дека нема да известуваат за протестите во знак на солидарност со нападнатите колеги од А1он, за време на вчерашниот протест. Дел медиуми соопштија дека поради последниот напад на новинарска екипа, како и поради континуираните напади на новинарите, се решиле да не известуваат за протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Но додаваат дека доколку има насилството и нови напади на протестите ќе ја известат јавноста, но нема да ги пренесуваат говорите и пораките на оние кои протестираат. Вчера беа нападнати новинар и снимател на А1он додека известуваа од протестот. Од МВР соопштија дека го расветлуваат случајот.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува нападите на новинарот Александар Тодевски и камерманот Владимир Желчевски од А1Он.

„Очекуваме МВР брзо да ги идентификува насилниците и да поднесе соодветни пријави, а судот најостро да ги санкционира“, се наведува во соопштението од ЗНМ.