Протест на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија

Протест на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија пред Владата на РМ.

Поддржувачите на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија се собираат пред Владата на Република Македонија. Протестот беше најавен на социјалните мрежи под мотото „Црвената линија ја поминавте. Црвено-жолтата, не“.

На денешната прес конференција членови на здружението објавија проглас во кој се бара од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на државата. Од политичките партии бараат и да не прифаќаат платформи кои, како што се наведува се создадени за туѓи интереси, во туѓи држави и без изборен легитимитет, чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме.

Од Владата демонстрантите ќе се упатат накај Собранието, каде е предвидено да заврши протестот.