Трамп го подготви буџетот за идната фискална година

претседателот на САД Доналд Трамп, Мериленд, 24.02.2017.

Американската администрација денеска ќе поднесе предлог буџет во кој ќе биде вклучено ветувањето на претседателот Доналд Трамп за зголемени трошоци во одбраната, јавуваат новинските агенции Ројтерс и Асошитед прес. Според извештаите, со буџетот се предвидува кратење на трошоците за Стејт департментот, за Агенцијата за заштита на животната средина и за други програми кои не се поврзани со одбраната. Белата куќа го доставува предлог буџетот за 2018 до федералните департамни и агенции што е прв чекор во долгиот процес во кој конечен збор има Конгресот. Во новиот буџет се предлага зголемување на финансирањето на воени бродови и авиони за да се „етаблира поголемо присуство во клучните меѓународни позиции“.