Судири меѓу анархистите и полицијата во центарот на Атина

Архивска фотографија: Анархисти палат во Атина на 26 февруари 2015

Група анархисти се судрија синоќа со грчката полиција во центарот на Атина, јави ДПА. Левичарските активисти палеа контејнери и фрлаа со камења и молотови коктели кон полицајците.

Судирите се случиле во близина на Политехничкиот универзитет, во квартот Егзархија, кој редовно станува арена на немири и се смета за расадник на анархизмот.

Анархистите почнаа да запираат автобуси од градскиот превоз, да ги симнуваат возачите и патниците и потоа да палат превозни средства.

До изутрината е воспоставен ред во центарот на главниот грчки град.