Марш за сеќавање на Немцов во Москва

Марш за сеќавање на Немцов денеска се одржа и во Новосибирск

Марш за сеќавање на убиениот руски критичар на Кремљ и поранешен руски вицепремиер Борис Немцов се очекува денеска да се одржи во Москва. Маршот е одобрен од локалните власти. Двата претходни марша во чест на Немцов поминаа без инциденти.

Тој беше убиен на мост во Москва во февруари 2015 година. Петмина Чеченци се уапсени и обвинети за неговото убиство. Наводниот убиец, Заур Дадајев, е поранешен припадник на безбедносните сили поврзани со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.