Заев: Надминавме одредени разлики со ДУИ

Архивска фотографија: Средба на лидерот на СДСМ Зоран Заев со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети во Мала Речица изјави дека ги чека потписите за формирање влада, но дека Уставот нема да се менува. Тој потенцираше дека СДСМ и ДУИ се согласни законот за употреба на јазиците да произлезе од Уставот.

Заев вели дека со ДУИ надминале одредени разлики кои биле во насока на толкувањето на уставната имплементација на практичната реализација на законот.

„Не треба да дозволиме ништо што е надвор од Уставот во однос на употребата на јазиците. На крајот, ако останат отворени прашања не завршува денот на преговорите сега, може и за шест месеци да отвориме дебата, да ги консултираме јавноста и експертите и да видиме што е уставно.“

Заев додаде дека средбата со Ахмети била одржана поради потребата да бидат решени одредени прашања и судири кои ги имале работните експертски групи.