Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин починал во Њујорк без да бидат наведени околностите за неговата смрт. Во соопштението само е изразено сочуство до неговото семејство и роднини и е посочено дека тој неочекувано починал на еден ден пред неговиот 65-ти роденден. Чуркин од 2006 година е претставник на Русија во ОН.