Во Романија 20 дена антивладини протести

Протести против владата во главниот град на Романија, Букурешт

Неколку илјади Романци 20-ти ден по ред, излегоа на протести во повеќе градови на Романија, со барање за оставка на Владата, по нејзиниот неуспешен обид за промени на Кривичниот законок, со што ќе се овозможеше ослободување од гонење на лица осомничени за корупција. Околу 3 илјади луѓе се собраа пред зградата на Владата во Букурешт, скандирајќи „крадци“ и „оставка“.

Владата ја загуби сета доверба. Социјалдемократската партија победи на изборите и ние тоа не го оспоруваме, но таа треба да најде чесни луѓе кои ќе управуваат со земјата, беше речено на протестот.

Протести се организираа и во други романски градови, а еден од поголемите се одржа во Клуж, каде што се собраа околу 3.000 лица.