Партиите на Албанците денеска на средба

Архивска фотографија-средба на лидерите на дел партии на Албанците

Партиите на Албанците потписници на платформата денеска попладне според најавите ќе одржат средба во Скопје. Како што информираше вчера Зијадин Села од Алијансата за Албанците средбата се одржува на нивна иницијатива. Покрај алијансата потписници на платформата се ДУИ и Беса. Очекувањата се дека на денешната средба ќе се разговара за преговорите на ДУИ со СДСМ за формирање на мнозинство и за предлогот за законот за јазици кој партијата на Ахмети го испрати до СДСМ.

Вчера и претседателот на СДСМ Зоран Заев потврди дека добиле материјали од ДУИ кои ги разгледувала партиска работна група. Тој нагласи дека за нив е прифатливо се што е во рамки на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од која било малцинска заедница.

Потписниците на платформата, пак, бараат и промена на Уставот во која ќе се утврди, како што пишуваат, дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија.