Ахмети - Нема договор за законот за албански јазик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

ДУИ нема да брза во однос на донесување одлука без анализа и без да биде сигурна дека тоа е правилна одлука која ќе им служи на граѓаните и на очекувањата на нашите гласачи, но и на стабилноста и безбедноста на земјата, рекол претседателот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранза. Во соопштението на ДУИ се наведува дека тие разговарале за политичките случувања во земјата, како и создадената ситуација по изборите на 11 декември. Ахмети рекол дека предлог законот за албанскиот јазик, подготвен од Албанците, веќе е доставен и заедно со другите спорови претставува предуслов за некој евентуален договор, но моментално, договор нема, се наведува во соопштението.