Нова рудна преговори за конфликтот во Сирија, поддржани од Русија, Иран и Турција а одобрени и САД започнаа денеска во Казахстан со задоцнување од еден ден. На пленарната седница присуствуваат преставници на Русија, Турција, Иран, како и делегации од сириската влада и сириската опозиција, а најавено беше и присуството на министерот за надворешни работи на Казахстан.
Портпаролот на бунтовниците Јехиа Ал Ариди, вчера изјави дека сириската опозиција ќе учествува но со „помала“ делегација од онаа што ја испрати во Астана минатиот месец кога одби директни разговори со Дамаск.
Сириската влада во преговорите ја преставува сирискиот амбасадор во ОН Башар Ал џафари. Тој за руската новинска агенција РИА Новости, изјави дека разговори „еден на еден“ со опозицијата на оваа средба не се планирани.