Јанева- СЈО ја гони криминалната група во врвот на власта

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека судот треба да сфати дека СЈО ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта. Јанева, која присуствуваше на презентацијата на истражувањето „Неосновано притворени – правни и буџетски последици во ЕУ Инфоцентарот во Скопје посочи и дека не е задоволна од постапувањето на судот по нивните предмети при барањата за притвор и други мерки за обезбедување на осомничени, бидејќи едни исти судии одлучуваат по нив.

„На овој начин, судијата може да ја злоупотреби службената должност и овластување кога се работи за висока корупција која ја истражува СЈО од страна на високи функционери од Власта и како што секојпат повторувам и овој пат ќе кажам, СЈО не гони обичен криминал, СЈО ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта во Македонија и тоа мора да се сфати од страна на судот кој претставува трета власт која треба совесно, чесно, професионално да си ја извршува својата службена должност во случаите на СЈО, а тоа не е така“, рече Јанева.