Жбогар очекува да се соберат потписи за формирање влада

Евроамбасадорот Самуел Жбогар

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист оти ќе се реши политичката криза во земјата и дека наскоро ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање на влада во Македонија.

Тој при посетата на Гевгелија и по средбата со градоначалникот на општината, Иван Франгов посочи и дека ЕУ внимателно го следи проблемот со блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци. Тој изрази очекување и дека во најскоро време ќе следи обид за трајно решавање на проблемот. Жбогар за прашањето разговарал со Франгов кој испратил барање до него за посредство на ЕУ за деблокирање на границата.