Хан денеска на средба со претседателот Иванов

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска треба да има средба со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. Предвидено е тој денеска да предаде и сертификати за донација на 33 теренски возила за потребите на Граничната полиција на Министерството за внатрешни работи и на Центарот за управување со кризи. Еврокомесарот Хан синоќа ги заврши средбите со лидерите на политичките партии кои освоија мандати во Парламентот на предвремените избори одржани на 11 декември минатата година. „Што порано се формира влада тоа е подобро. Нема време за губење“, изјави Хан пред разговорите со партиските лидери. Тој претходно учествуваше на министерската конференција на шесте земји од Западен Балкан, посветена главно на енергетското поврзување.