Заев- Правиме се за да добиеме потписи за мандат

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека ДУИ досега не побарале писмени материјали од него, односно документ за прифаќање на платформата на Албанците. Но, според Заев, доколку лидерот на партијата Али Ахмети решил да побара такво нешто тогаш ќе ги добие. Хан, како што нагласи Заев побарал што побрзо да се формира влада. Тој уште еднаш го повтори дека позитивно гледа на платформата, но конечниот став ќе го кажат откако ќе го добијат мандатот за формирање влада.

„СДСМ целосно е посветена на реформите. Правиме се да добиеме потписи за мандат и да преговараме за влада. Пред да го добијам мандатот не сакам да се изјаснам“, рече тој.

Заев посочи и дека е подготвен да разговара со сите партии од албанскиот блок за плаформата, но дека има и некои црвени линии.

„Ние го отворивме концептот на едно општество за сите и апсолутно сме растеретени од сите овие предрасуди кои што некој се обидува да ги наметне повторно во јавноста. Драго ми е што се отворија етничките прашања во Македонија и за нив треба да се разговара“, посочи Заев.

На прашање дали знае зошто лидерот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ веќе договориле влада, Заев истакна дека е очигледно оти Тачи цел месец не бил во земјата и не знае што се случувало. Во тек е и последната средба на Хан за денеска со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.