Руското министерство за надворешни работи соопшти Москва на Романија гледа како на бастион на НАТО и земјата е јасна закана, поради тоа што е домаќин на дел од противракетниот штит на САД во Европа. Според министерството, ставот на Романија и нејзиното лидерство, кое ја ставило земјата во истурена позиција претставува закана за Русија.
Во мај, минатата година американската војска го активираше ракетниот пресретнувач во Романија, кој е клучен елемент на противракетниот штит и кој ќе биде целосно оперативен во наредната година. САД соопштија дека целта на штитот е заштита на сите земји членки на НАТО од напади на ракети со краток и среден дострел, особено од непријателските држави на Блискиот Исток, и не претставува закана за Русија.