Дневник и Утрински весник ќе штрајкуваат

Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници -ССНМ и синдикалните претставници на синдикалните групи на ССНМ во редакциите на дневните весници на Дневник и Утрински Весник на Друштвото за услуги Медиа Принт Македонија ДООЕЛ – Скопје донесе одлука за стапување во штрајк.

Отпочнувањето на процедурата за штрајкот уследила откако не им е одговорено на вработените да им биде исплатена платата за декември, а не се ни здравствено осигурени.

„Одлуката за штрајк, неговиот почеток и начинот на негово спроведување согласно одредбите од Законот за работни односи, им е доставена на менаџментот на МПМ“, стои во соопштението.