Ахмети- Немам проценка на каде се движиме

Лидерот на ДУ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети при пристигнувањето во седиштето на партијата во Мала Речица на кратко изјави дека немаат проценка на каде се движат консултациите и дека се работи за многу тешка одлука. Ахмети, како што пренесува телевизијата 24 вести посочил дека очекува консултациите и денеска да бидат долги и тие продолжуваат да заседаваат по прашањето дали ДУИ треба да биде дел од новата влада со ВМРО ДПМНЕ. Крајниот рок за мандаторот Никола Груевски за формирање влада истекува на полноќ.

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав синоќа до доцна во ноќта расправаше по прашањето, но состанокот не резултираше со договор. Ахмети по состанокот посочи дека ги анализираат сите опции со цел да ја донесат најдобрата можна одлука во корист на Албанците и на сите други граѓани на Македонија.