Во Австралија и Нов Зеланд стартуваше „Женскиот марш“ против Трамп

Марш во Сиднеј.

Илјадници луѓе од Австралија и Нов Зеланд излегоа денеска на улиците приклучувајќи му се на глобалниот „Женски марш“ против новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Илјадници луѓе се приклучија на движењето во Сиднеј, а марш се одржува и во Мелбурн.

„Омразата, говорот на омраза, нетолеранцијата, дискриминацијата, политичките предрасуди, не се само американски проблеми, тие се глобални проблеми“, рече една од организаротите на маршот во Сиднеј, Минди Фреибанд.

На маршот се приклучија и граѓаните во Окленд и Велингтон во Нов Зеланд. Со маршевите во Астралија и Нов Зеланд започна планираниот протест против Трам во светот. Планирани се повеќе од 600 вакви собири.

За време на изборната кампања, Трамп често беше критикуван за неговиот став и јавни изјави кон жените.

Главниот настан од Женскиот марш ќе се одржи во Вашингтон, каде е планирано десетици илјади луѓе да го изразат својот став кон Трамп. Организаторите велат дека сакаат администрацијата на Трамп да го слушне нивниот глас.

„Женскиот марш во Вашингтон ќе испрати храбра порака до новата влада на нивниот прв работен ден, како и до светот, дека женските права се човекови права“, се вели во соопштението на организаторите на маршот, објавено на нивната веб страна.