ВМРО ДПМНЕ и Попоски за Сорос и за дестабилизација на државата

Архивска фотогарфија -Седница на Комисијата за надворешна политика

„Отворено општество финансира субјекти коишто на нетранспарентен начин се занимаваат со политика, а тоа е неприфатливо за нас. Всушност, од овие субјекти произлегуваат медиумските притисоци и несоодветните влијанија врз јавното мислење. Но, од нив пред сè започнуваат политички битки секогаш во корист на социјалистичката коалиција. Тоа според нас е дестабилизација“, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита“

Во исто време, со интервјутоа на Попоски за италијанскиот весник „Ла верита“ ВМРО ДПМНЕ денеска испрати соопштение во кое се вели дека десорозијацијата започнува

Како што стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица.

„СДСМ и Сорос преку истурање грантови системски ги корумпираат новинарите и медиумите. Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.