Средба Иванов -Ал Сиси

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Каиро имаше средба со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах Ал–Сиси на која било констатирано дека односите меѓу две земји се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и почитување.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, двајцата претседатели разговарале за воспоставената соработка меѓу разузнавањето и безбедносните служби на двете држави со потреба од градење на заеднички капацитети за одговор во борбата против тероризмот, намалување на ризиците од илегалната миграција, електронското војување и сајбер одбраната, стои во соопштението.

Иванов, истакнал дека Египет како земја лидер и гарант на стабилноста во регионот на Северна Африка е важен пријател и партнер на Македонија.