Проблеми поради екстремно студено време во делови на Европа

Белград. 11.01.2017.

Најниските температури во последниве неколку децении и изобилните врнежи од снег во делови на Балканот и Источна Европа предизвикаа смрт на десетици луѓе, прекин на електричната енергија и одложувања во сообраќајот. Властите пријавиле над 70 смртни случаи поврзани со студеното време кое не било забалежано во Европа од 1963 година. Со ноќни температури под минус 20 степени, хуманитарните организации предупредуваат на згрижување на бездомниците и мигрантите кои се најпогодени на екстремно студеното време.