Трамп брифиран за потенцијално компромитирачки информации

избраниот претседател на САД Доналд Трамп

Американските медиуми јавуваат дека Федералното истражно биро ја испитува валидноста на наводите дека руски оперативци имале компромитирачки персонални и финансиски информации за избраниот претседател Доналд Трамп. Ове наводи биле дел од извештајот за руското мешање во претседателските избори и оти со нив биле запознати само претседателот Барак Обама, Доналд Трамп и осуммина конгресмени. На ваквите наводи Трамп преку Твитер одговори „Лажни вести, целосен политички лов на вештерки“.