Почина поранешниот германски претседател Роман Херцог

Поранешниот германски претседател Роман Херцог

Поранешниот германски претседател Роман Херцог почина на 82 години. Кабинетот на германскиот претседател соопшти дека Херцог починал денеска без да ги наведе причините за смртта. Тој беше претседател од 1994 до 1999 година. Иако неговата функција е повеќе церемонијална, на него се гледаше како на совест на нацијата. Тој ги повика Германците да се соочат со нацистичкото минато и во неговиот мандат 27 јануари беше прогласен за ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот.