„Мунлајт“ на режисерот Бери Џенкис го доби Златниот глобус за најдобар филм на раскошната церемонија што се одржа во Лос Анџелес. Мјузиклот „Ла ла ленд“ пак ги освои сите седум награди за кои беше номиниран, вклучувајќи ги тука и за најдобар актер, Рајан Гослинг, за најдобра актерка Ема Стоун, за најдобар режисер и за најдобро сценарио. Со тоа овој филм постави нов рекорд за освоени најмногу Златни глобуси. Во 1975 година „Летот над кукавичјето гнездо“ и во 1978 година „Полноќен експрес“ добија по шест награди. Актерката Мерил Стрип ја доби наградата за животно дело.