Осуммина уапсени за планирање терористички напад за Нова година во Турција

Архивска фотографија: Експерти за деминирање проверуваат торба во близина на израелската амбасада во Анкара на 21 септември 2016

Осум членови на терористичката организација Исламска држава се уапсени во операција на специјалните сили на Анкара, јави агенцијата Анадолија. Уапсените се осомничени за подготовка на терористички напад вечерва за време на дочекот на Нова година.

Не е прецизирано каде планирале да го извршат нападот.

Претходно турската полиција уапси 30 лица, осомничени за поврзаност од ИД во градот Адана.