Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2017

Стотици милиони луѓе во светот вечер на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2016 и ќе ја пречекаат Новата 2017 година.

Град Скопје ја откажа традиционалната новогодишна прослава што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“. Околу два милиона денара кои беа планирани за организирање на пречекот, ќе бидат донирани во социјални цели.

Сепак, за најмалите предвидена епрограма на улицата „Македонија“. Од 10 часот започнуваат програмата со детски претстави, шоу за најмалите, новогодишна парада и дефиле на Снежната кралица. Новогодишна прослава вечер ќе има на скверот „Јадран“ во организација на општина Центар.

Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди за време на празниците.

Новата 2017 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа. Последни ќе ја испратат 2016 жителите на Американска Самоа.