Ахмети-ДУИ не преговара ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ

Архивска фотографија- Претседателот на ДУИ Али Ахмети

Постизборните случувања во Македонија и приоритетите на Демократската унија за интеграција и на земјата биле тема на разговор на претседателот на партијата Али Ахмети и амбасадорот на Шведска во Македонија, Мат Стафансон кој денеска го посетил партиското седиште, соопштија од ДУИ.

„Ахмети нагласи дека ДУИ е фокусирана на соработката со албанските парламентарни партии за заедничката национална платформа, додека моментално не води разговори за коалициска влада ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту пак со СДСМ, но единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и албанските партии“ се наведува во соопштението.

Во него пишува и дека Ахмети ги образложил програмските ставови на ДУИ велејќи дека еднаквоста во земјата го прави општеството постабилно, додека одговорноста за решавање на спорот за името, интеграцијата, реформите, добрите меѓуетнички односи треба да ги преземат сите.