ИД ја презеде одговорноста за нападот во Берлин

Берлин, 20.12.2016.

Веб страницата поврзана со таканаречената Исламска држава објави дека оваа милитантна група била одговорна за нападот на 19 декември во Берлин кога еден човек со камион влетал во божиќен пазар при што загинаа 12 лица, а 50 беа ранети. Во меѓувреме, германските власти ја продолжуваат потрагата по извршителот на нападот откако германското обвинителство го ослободи пакистанскиот барател на азил кој беше уапсен веднаш по настанот. Обвинителството оцени дека немало доволно докази за задржување на 23 годишниот пакистанец. Се претпоставува дека извршителот на нападот се уште бил во бегство.