Бејли на средба со Груевски за изборите

Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли

Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли по средбата со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека цени што имал можност да поразговара со Груевски со цел да ги слушне неговите погледи за изборите и за начинот како земјата да се тргне напред, бидејќи, како што нагласи САД и се партнер на Македонија. Имавме добар разговор, рече Бејли и најави дека ќе има слични средби и со лидерите на други партии кои освоија пратеничките мандати на изборите.